Алпла Хард го освои Супер Купот во Австрија

Екипата на Алпла Хард, која во минатата сезона ги елиминираше Еурофарм Пелистер 2 и Бутел СКопје во квалификациите за Лигата на Европа, успешно ја стартуваше новата сезона.

Алпла Хард го освои Супер Купот на Австрија, откaко во дуелот за трофејот го совлада амбициозниот Линц со 26:25.

Во составот на Линц настапи екс ракометарот на Тиквеш, левиот бек Арнад Хамзиќ, ко јво мрежата на победничката екипа постигна два погодоци.

Во минатата сезона, тимот на Алпла Хард токму од Линц беше еломинирана во четвртфиналето од плеј-офот во австрискиот шампионат.