Македонија ќе има три претставници во Европскиот Куп во следната сезона во женска конкуренција.
Покрај Куманово, кој две средби против швајцарскиот Херцогенбуше ќе игра на гостински терен, Ѓорче Петров и Чаир, ќе имаа европски натпревари и на домашно тло.
Шампионот Ѓорче Петров ќе се соочи со црногорскиот Тиват на 24 септември од 18:00 часот во спортската сала Автокоманда, додека реваншот е на 1 октомври во салата „Жупа“ во Тиват од 19:00 часот.
Чаир ќе игра со холандскиот тим Венло, и ќе го пречека на 23 септември од 14:00 часот во спортската сала Автокоманда, додека реваншот е на 30 септември во салата „Егербос“ во Венло од 19:00 часот.
Куманово и Херцогенбуше ќе играат на 23 и 24 септември од 16:00 часот.