ОХРИД 2023: Охрид – со нов тренер и девет нови играчи во поход на висок пласман

Од 23 до 26 август во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ со учество на осум екипи. Покрај домаќинот Охрид, од Македонија ќе играат екипите на Голден Арт, Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер, додека од странство ќе дојдат турскиот Бешикташ, грчкиот Олимпијакос, српската Металопластика Шабац и словачкиот Татран Прешов. 24Ракомет Ви ги претставува сите учесници...

Екипата на Охрид дуелите на второто издание на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ ќе ги искористи за воигрување на тимот. Охриѓани во однос на минатата сезона направија големи промени во играчкиот кадар, донесоа девет засилувања, но и нов тренер.

Тимот на „гладијаторите“ ќе биде предводен од екс репрезентативецот на Македонија, Стевче Алушовски, кој откако во Исланд мина одреден временски период градејќи интернаицонална тренерска кариера, одлучи да се вклучи во амбициозниот проект на Охрид.

Во тимот пристигнаа неколку домашни и интернационални играчи. Охрид во новата сезона ќе биде посилен со Даниел Ѓорѓески, Бобан Ристевски, Горан Крстевски, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Никола Стоилевски, како и со интернационалците Берин Бркиќ, Рудолф Звонимир и Теимураз Орјоникидзе.

Од минатогодишниот состав во Охрид останаа Стефан Дрогришки, Даниел Андоновски, Иван Тасески, Крсте Андоновски, Деан Шешиќ, Ерај Каракоч, Владимир Бојаниќ и Гал Цирар. Стратегот Стевче Алушовски во договор со тренерите од младинските категории во првиот тим префрлија четворица младинци.

Станува збор за Јулијан Матески, Лука Лангоски и Наум Речкоски од младинскиот погон на Охрид, а со нив во првиот тим е приклучен и Матеј Петревски од Вардар Неготино. Во Охрид се врати и големиот потенцијал Никола Шипинкоски, ракометар кој во вториот дел од минатата сезона настапуваше на позајмица во прволигашот Кичево.

Избраниците на Алушовски на турнирот ќе бидат во група со Голден Арт од Скопје и грчкиот Олимпијакос.

Натпревари на Охрид на турнирот „Крсте Андоновски Усташ“

23/08, 18:00 часот, Олимпијакос

24/08, 13:15 часот, Голден Арт

25/08, 20:15 часот, Бешикташ

26/08, за пласман

Повеќе детали за турнирот во Охрид 2023, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… ќе можете да најдете во делот посветен за турнирот на www.24rakomet.mk во главното мени на страната што ќе биде активен во вторник на 22 август 2023.

.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.