Машката кадетска репрезентација на Македонија денес ќе го одигра вториот дуел на Светското првенство во Хрватска.
Македонските кадети за ривал ја имаат репрезентацијата на Црна Гора, која во првото коло славеше над Грузија.
Ракометарите на Македонија со евентуален триумф ќе бидат многу блиску до пласман во следната фаза.
Селекторот Раде Стојановиќ се одлучи на дуелот со Црна Гора да настапи со истите 16 ракометари што настапија и на дуелот против Норвешка.
Тоа значи дека надвор од игра ќе биде членот на Младост Богданци, левиот бек Антонио Николоски.
Денешниот дуел меѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во салата „Замет“ во Риека со почеток од 19:30 часот.