Машката кадетска репрезентација на Македонија влезе во последната фаза од подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска.
Денеска и утре, избраниците на Раде Стојановиќ, кој го скрати списокот на 18 ракометари, ќе одиграат уште две тест средби.
Прв ривал на македонските кадети денеска од 18:00 часот ќе биде комбинираниот тим на Еурофарм Пелистер во Маврово, додека утре од 19:00 часот ќе се соочат со новиот суперлигаш Мулти Есенс.
Кон средината на месецот кадетите одиграа два пријателски натпревари против селекцијата на Унгарија и на два пати беа поразени.
Македонија го започнува настапот на СП на 2 август против репрезентацијата на Норвешка, додека на 4 и 5 август ќе игра со Црна Гора, односно Грузија.