Двајцата српски интернационалци – Вељко Давидовиќ и Никола Матовиќ, кои своевремено играа во Македонија, следната сезона ќе играат во татковината.
Кружниот напаѓач Давидовиќ, по настапите во полскиот шампионат за Вибжеже Гдањск, потпиша за Раднички Крагујевац.
Тој во Македонија беше дел од Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, а има играно за шпанските Бидасоа и Ланцароте, израелската Нес Зиона, како и домашните Пролетер, Нови Пазар, Слога Пожега и Динамо Панчево.
Левиот бек Матовиќ, кој беше дел од Јуниор КВ, а вториот дел од минатата сезона го мина во кувајтскиот Ал Куран, исто така се врати дома.
Тој ќе ги брани боите на Врање, а претходно во српскиот шампионат има играно за Дубочица Лесковац и Златар Нова Варош, како и за францускиот Мулуз.