Најдобриот норвешки репрезентативец по настапите за Алборг, ПСЖ и Кил, ова лето се врати во татковината и ќе го носи дресот на Колстад.
Tој во норвешките медиуми одговори на прозивките од Европа – Колстад да биде исклучен од Лигата на шампионите.
„Мислам дека тоа е непотребно. Каква врска има ситуацијата во клубот со учеството во Лигата на шампионите? Јас разбирам дека ова е јавна работа и дека многу луѓе сакаат да ги знаат детали. Но на крајот на краиштата, тоа е договори меѓу нас ракометарите и клубот. Прифативме намалување на платите и после тоа мислевме дека е крај на приказната. Но потоа почнаа некои луѓе да коментираат да бидеме исклучени од ЛШ“, вели Сагосен.
Колстад е првиот гостин во Битола кај Еурофарм Пелистер во натпревар од Лигата на шампионите што ќе се игра на 13/14 септември.