Саудиска Арабија стана популарна дестинација за најдобрите светски фудбалери, а се чини дека во иднина ќе стане и за ракометарите.
Денеска португалскиот лев бек Андре Гомеш го раскина договорот со германскиот Мелсунген, и се очекуваше да се пресели во Фуксе Берлин како замена за Пол Друкс.
Сепак на изненадување на сите, Гомеш ќе оди во Саудиска Арабија, во клубот Ал Сафа со кој потпиша договор на една сезона.
Во изјава за германскиот „Билд“, неговиот менаџер тврди дека Гомеш ќе заработи меѓу 600.000 и 900.000 евра во Саудиска Арабија.