Португалскиот шампион Порто одлучи во своите редови да го врати младиот голман. Диого Рема. 19-годишниот голман за поголема минутажа во минатата сезона беше испратен на позајмица во Гаја.
Големата голманска надеж на Португалија во конкуренција со Никола Митревски и Себастијан Франдсен немаше да добива голема минутажа во штотуку завршената сезона и поради тоа мораше да оди на позајмица.
Сепак, по неговите одлични партии во дресот на Гаја си направи камбек во Порто и заедно со Никола Митревски ќе ја сочинуваат голманската двојка во претстојната сезона.
Јасно е дека капитенот на македонската репрезентација ќе биде прв избор меѓу стативите во Лигата на шампионите.
Порто беше пред договор со репрезентативниот голман на Полска, Матеуш Корнецки, но меѓу двете страни не дојде до соработка.