Иако голманот Матеуш Корнецки беше пред трансфер во тимот на Порто каде што настапува Никола Митревски, сепак, португалскиот шампион нема да го ангажира полскиот репрезентативен чувар, пренесува порталот „О Жого“.
Двете страни најверојатно не можеле да се договорот за заедничка соработка. Интересот од Порто за искусниот голман се појави во април, кога се знаеше дека тој нема да ја продолжи соработката со Келце.
За услугите на Корнецки беа заинтересирани и од францускиот суперлигаш Лимож, но и од неколку германски клубови.
Порто по завршувањето на сезоната го напушти голманот од Данска, Себастијан Франдсен, кој се пресели во Фредериција, додека Митревски има договор на уште една сезона.
Шампионот на Португалија освен Митревски на голманската позиција ќе го има на располагање и младиот Диого Рема. До почетокот на новата сезона не е исклучена можноста во Порто да пристигне нов голман.