Црногорскиот шампион Ловќен пред почетокот на новата натпреварувачка сезона се засили со уште еден нов играч.
Станува збор за перспективниот ракометар Михајло Шчекиќ, кој игра на позицијата пикер и кој пред две недели го имаше дебитанскиот настап за сениорската репрезентација на својата татковина.
20-годишниот ракометар во минатата сезона настапуваше за вицепрвакот на Црна Гора, Будванска Ривиера.
Ловќен претходно се засили со Иван Перишиќ, Мирко Радовиќ, Филип Борозан, Вук Лакичевиќ и Лука Вујовиќ.
Амбициозниот тим од Црна Гора во новата сезона освен на домашна сцена ќе игра и во Европа. Клубот од Цетиње доби директно место во групите од Лига на Европа и ѐ можен ривал на Алкалоид во групната фаза.
Во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе игра и Вардар, но некогашниот македонски шампион ќе стартува од квалификациите и доколку ги мине, тогаш ќе се избегне со Ловкен, бидејќи пред ждрепката двете екипи ќе бидат во ист шешир.