Од денеска па во следните седум дена, машката кадетска репрезентација на Македонија ќе ја одработи првата фаза од подготовките за Светското првенство во Хрватска.
Избраниците на Раде Стојановиќ од денеска ќе му стават на располагање на селекторот и неговиот стручен штаб со Бранко Ангеловски и Наум Танески.
На скратениот список има 24 ракометари, од кои ќе бидат избрани патниците на Мундијалот во Хрватска од 2 до 13 август.
Во средината на јули ќе бидат одиграни и две пријателски средби со селекцијата на Унгарија, која исто така ќе игра на СП.
Ривали на Македонија во групната фаза се Норвешка, Црна Гора и Грузија.