Кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство на двапати ќе тестира со Унгарија.
Избраниците на Раде Стојановиќ следниот месец ќе отпатуваат во Унгарија каде што ќе одиграат два пријателски меча со домашната селекција, која исто така ќе учествува на Мундијалот во Хрватска.
Пријателските дуели со Унгарија се закажани за 13 и 14 јули, по што селекторот Стојановиќ ќе има јасна слика за квалитетите на секој поединец.
Кадетите пред крајот на овој месец во Маврово ќе ги започнат подготовките за големото натпреварување.
Македонија на Мундијалот во Хрватска за ривали во групната фаза ги има Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Доколку нашата репрезентација обезбеди пласман во следната фаза, тогаш ќе вкрсти со групата на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.
Светското првенство во Хрватска ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август.
Скратен списокот на кадетите – Стојановиќ смета на 24 ракометари за СП