Младост Богданци, тим кој своевремено знаеше да им прави огромни проблеми на Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, оваа сезона не успеа да се пласира во суперлигашкото друштво.
Затоа раководството на тимот од Богданци уште отсега прави планови за следната сезона во која ќе има одново големи амбиции.
Целиот играчки кадар ќе биде задржан, со исклучок на десниот бек на Давид Иванов, а веќе се преговара и со неколку засилувања, кои треба да му помогнат на клубот да ја оствари својата цел.
Најавено е враќање на дел од ракометарите што потекнуваат од Младост, а сезонава играа за други клубови во Македонија.
Младост Богданци до крајот на прволигашкиот плеј-оф беше во игра и за суперлигашки бараж, но не го оствари планот.