Екипите на Ѓорче Петров и Стружанка ќе се борат за шампионската титула во женската кадетска конкуренција.
Ѓорче Петров пласманот во финалето на Ф4 турнирот, кој се одржува во Делчево, го обезбеди со победата над Скопје од три гола разлика, 27:24.
Актуелниот бранител на титулата, екипата на Стружанка, во второто полуфинале го совлада домаќинот Делчево Вардар со 35:29.
Од 17:30 часот ќе се игра мечот за третото место, додека од 19:30 е финалниот дуел меѓу Ѓорче Петров и Стружанка.