Некогашната ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ, ќе остане уште една сезона во унгарскиот Ференцварош.
По остварениот успех и пласманот на завршниот турнир во Лигата на шампионите, челниците на Ференцварош веднаш и понудија нов договор на Лекиќ.
„Брзо се договоривме, па и наредната сезона ќе останам во овој клуб. Нема поголема сатисфакција од ова, а резултатите остварени во последно време само говорат дека донесов правилна одлука. Драго ми е што сум дел од клубот што пишува историја“, вели Лекиќ за „Журнал“.
Српската интернационалка со Ѓер oсвои европска титула, а oткако беше воведен завршниот турнир има пет настапи со Вардар, три трети места и две втори.
Во јуни со Ференцварош ќе го има шестиот настап во Будимпешта, а ривал во полуфиналето ќе им биде данскиот Есбјерг.