Тимот на Астраион од Струмица оствари минимална победа во драматичниот натпревар во Кичево со 21-20.
Стрелец на победничкиот гол беше Васе Наков од пенал, а иако имаше време и за двете екипи да погодат во последната минута, сепак немаше промена на резултат.
Во тврдиот натпревар, кичевските ракометари беа тие што диктираа темпо во првиот дел и имаа плус три во еден момент, 10-7.
Сепак во второто полувреме струмичани ја преземаа контролата во еден момент и тие водеа со три гола, 17-14, но домашните се вратија во егал.
Беше 19-19, па 20-20, пред Наков да го реши победникот и да му донесе три бода на струмичкиот тим.
Најдобри стрелци кај Астраион беа Ефтимов и Наков со по пет гола, додека кај Кичево седум гола постигна Јаневски.