Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева, кои го судеа финалето во женскиот Европски Куп меѓу Коњалти и Гуардес, одлично си ја завршија својата задача, па беа наградени од европската куќа на ракометот.
Карбеска и Илиева судеа за „десетка“ во големото финале во третото по ранг европско натпреварување и од Европската ракометна федерација (ЕХФ) им беа врачени златни медали.
Трофејот во Европскиот Куп го освои Коњалти, екипа во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, како и екс ракометарката на Вардар, Алена Ихнева.
Коњалти на реванш дуелот сѐ надмина себе си и триумфираше со дури 13 гола разлика, 33:20 (16:7), со што ја надомести негативата од првиот дуел, кој го загуби со 23:17.