Недановски: Во Купот нема поправен, решаваат само нијанси!

Екипата на Вардар за ривал во полуфиналето од Купот на Македонија го доби незгодниот тим на Алкалоид.

Овие две екипи последен пат се сретнаа на 1 април во Автокоманда, а подобриот на терен беше Алкалоид, кој против ,,црвено-црните” триумфираше со 22:21.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски, имаше пофалби зборови за нивниот ривал во полуфиналето и изјави дека на дуелите од Купот ќе решаваат само нијанси во квалитет.

„Секој меч е нова битка, нова приказна, нов предизвик. На крајот од сезоната нема веќе лесни натпревари. Со Алкалоид сезонава се сретнавме четирипати, и тие покажуваат дека напредуваат од натпревар во натпревар. Секој ривал го репсектираме, и така е секогаш. Знаеме дека Купот е меч во кој нема поправен. Решаваат нијаси во квалитетот. Пред нас е период на многу важни средби, и целосно сме фокусирани на овој дел од сезоната. Единствено посакувам да бидеме комплетни и здрави, и да покажеме зошто сме освојувачи на двојната круна во Македонија“, изјави Недановски.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер и Пролет.

Завршницата ќе се одржи во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 11 до 13 мај, а комплетниот распоред на натпреварите ќе биде дополнително познат.

Куп на Македонија: Вардар налета на Алкалоид, Еурофарм Пелистер го доби Пролет