Екипата на Мулти Есенс на свој терен во Автокоманда без проблеми славеше убедлива победа над Астраион од Струмица со 52:25.
Избраниците на Бранислав Ангеловски до победата дојдоа уште во првото полувреме кое заврши со предност од 24:9.
До крајот само ги броевме головите, најчесто во мрежата на гостинот, па така дебитантот во Првата лига го дели уште еден триумф до пласман во елитното друштво во Македонија.
Најефикасен во победничката екипа беше Валентин Карасманакис со седум погодоци, по шест реализации имаа Давид Димевски и Андреј Ниновски.
Кај Астраион се истакнаа Васе Наков со девет и Марко Стојанов со шест погодоци.
Мулти Есенс сега на табелата во прволигашкиот плеј-оф има 42 бода, потоа следуваат Аеродром и Драчево со по 31 бод, Младост има 27, додека петтопласираниот Голден Арт 2 на свое конто има 22 бода.
За потсетување, првопласираниот и второпласираниот ќе обезбедат директен пласман во Првата лига.
Третопласираниот тим од прволигашкиот плеј-оф ќе игра бараж на неутрален терен со шестопласираната екипа од суперлигашкиот плеј-аут.