Ракометната федерација на Македонија ги објави делегирањата за официјалните лица на претстојното 12 коло во Суперлигата.
На најголемото дерби што веројатно ќе го одлучи шампионот на Македонија, судии ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Најдобрата двојка вторпат сезонава ќе им суди на двете најдобри екипи во мак-ракометот, а првиот пат беше на Супер куп мечот во Охрид.
Делегати на мечот што се игра во „Боро Чурлевски“ од 19:00 часот ќе бидат Ацо Николовски и Драган Начевски.
Минатото дерби во Скопје мина со арбитража на битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.