Српскиот шампион Војводина оваа сезона направи историски успех на европска сцена по обезбедениот пласман во финалето од Европскиот Куп.
Тимот од Нови Сад во полуфиналето од третото по ранг европско натпреварување успеа да го елиминира незгодниот Алингсас од Шведска.
Ривал во финалето на Војводина ќе биде актуелниот бранител на титулата Наербо. Норвешкиот тим во финалето стигна откако во полуфиналето го елиминираше ривалот од домашна сцена, тимот на Рунар.
На првиот меч од финалето домаќин ќе биде Војводина, додека реванш дуелот ќе се одигра во Норвешка, поточно во Наербо.
Војводина на 27 мај ќе го пречека норвешкиот тим и ќе се обиде да оствари поволен резултат пред реваншот, кој е закажан за 3 јули. Мечот во Нови Сад би можел да се игра во „Спенс Арена“, која може да прими и до 8.000 гледачи. Последен пат европски трофеј во Србија освои Југовиќ Каќ во Челинџ Купот пред 22 години.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) дополнително треба да ги одреди саатниците, како и арбитрите за двата натпревари од финалето.
Алингсас на колена во Нови Сад – Војводина ќе игра финале во Европскиот Куп!