Со натпреварите минатиот викенд заврши регуларниот дел во машката пионерска лига, која ќе продолжи овој викенд со четвртфиналните двобои.
Тимот на Куманово, кој во групата имаше 12 победи на 12 меча и беше првопласиран во групата Г, ќе се соочи со тимот на Скопје кој го освои второто место во групата А.
Голден Арт, кој беше прв во групата А, со девет победи и едно реми на десет натпревари, за место на Ф4 ќе се бори со Бисинов.
Еурофарм Пелистер, кој беше прв во групата В, ќе игра со второпласираниот од групата Б, а тоа е Мулти Есенс.
Аеродром беше прв во групата Б, со осум триумфи на осум натпревари и како пречка за Ф4 го има второпласираниот од групата В, тимот на Охрид.
Победниците од овие четвртфинални средби ќе се пласираат на завршниот турнир што е на програмата на 6 или 7 мај.
Пионери, четвртфинале:
Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс
Аеродром – Охрид
Голден Арт – Бисинов
Куманово – Скопје