Во Луксембург ќе ја гледаат Македонија за 30 евра

Машката репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два меча од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Избраниците на Кире Лазаров гостуваат во Луксембург на 26 април, а домаќините веќе ги пуштија во продажба билетите за овој натпревар.

Билетите се по цена од 30 евра, додека за студенти има попуст и за нив билетите чинат 12 помалку, односно 18 евра. Со оглед на тамошниот стандард, овие цени се сосема нормални, иако нам ни изгледаат превисоки.

Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија се игра на 26 април од 20:15 часот, а последниот против Турција е на програмата на 30 април од 18:00 часот.

Македонија е веќе пласирана на ЕП, но за потврда на второто место во групата и трет шешир пред ждрепката ќе треба да победи на двата меча.