Поради собирот на машката репрезентација пред последните два меча од квалификациите за ЕП 2024 година, три меча од суперлигашкиот плеј-оф ќе се играат во петок.
Најпрво од 13:00 часот, 11 коло ќе го отворат Вардар и Еурофарм Пелистер 2, а од 19:00 часот во Автокоманда и во Македонско Сонце ќе се играат уште два натпревари.
Пролет ќе го пречека Еурофарм Пелистер, додека интересен натпревар треба да одиграат Алкалоид и Охрид.
Последниот натпревар од 11 коло во плеј-офот ќе се игра в недела со оглед дека немаат репрезентативци ќе играат Тиквеш и Бутел Скопје во Кавадарци од 19:00 часот.
Собирот на националниот тим ќе биде в недела од 16:00 часот. Мечот против Луксембург е на 26 април од 20:15 часот, а оној против Турција се игра на 30 април од 18:00 часот.