Вардар и на 12 меѓусебен дуел во Супер лигата триумфира против Бутел, овојпат со 30-24 (18-14), што е четврта победа сезонава на „црвено-црните“. Со триумфот гостите се во „мртва трка“ за титулата со Еурофарм Пелистер, а Бутел останува на 5 место на табелата со се уште теоретски шанси да дојде до место што води во европските купови.
Домаќините на овој натпревар настапија без повредените Мајиќ, Јефтиќ, Стојчевиќ и Василевски, а кај гостите ги немаше Томовски, Атанасовски и Добрковиќ.
Во текот на целиот натпревар Вардар водеше, на моменти и со „плус 8“ што беше највисока предност. Не го искористи Бутел моментот во 15 минута кога Куни моралес доби 2х2 мин. и иако Вардар имаше водство 8-4, гостите успеаја да постигнат четири гола со играч помалку и да дојдат до водство 12-6. Кога Вардар зголеми на 13-6 тоа беше сигнал дека тренерот Кристијан Грчевски мора да бара „тајмаут“.
Во тој период Борко Риствски веќе имаше 6 успешни одбрани, а на спротивната Бојан Блажевски само еднаш успеа да одбрани топка на гостинските играчи.
Бутел до крајот на полувремето намали на 18-14, па колку-толку да се надева на поповолен резултат во продолжението од средбата.
Таа желба и мотивираност донесоа резултат на почетокот на второто полувреме кога Бутел намали на 18-21. Но, наместо да продолжат да пристискаат, „се разбуди Вардар“ и од негатива од три гола дојдоа до нови „плус 8“ и водство 26-18. Тоа беа последните сили на Бутел нето да смени.
До крајот гостите рутински го доведоа мечот и победија со 30-24.
Кај гостите по пет гола постигнаа Филип Талески и Гоце Георгиевски, а четири даде Јан Чувара. Васил Гогов имаше седум одбрани, а Борко Ристовски една помалку.
Во таборот на Бутел, седум гола постигна Јовица Младеновски, а по петпати во листата на стрелците се запишаа Дамјан Субашевски и Филип Николов. Голманот Бојан Блажевски имаше седум испешни одбрани.
Во следното коло Бутел гостувакај Тиквеш, а Вардар е домаќин на Еурофарм Пелистер 2.