Тимот на Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Алкалоид во Автокоманда со 28-27 и останува во пол-позиција по трката за титулата во Суперлигата. Сега битолчани се блислку до остварување на 18 годишниот сон, враќање на титулата во Битола.
По натпреварот во Автокоманда во официјалниот записник имало забелешка и најавен приговор за судењето на тој натпревар. Како што дознава 24ракомет, иако победиле од страна на битолскиот клуб најавиле дека ќе обрзаложат зошто не се задоволни од делењето на правдата на Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, кои сезонава повеќепати беа „актери во црно“ на средбите на Алкалид, дома и на гости.
Жалбата за “тенденциозно судење“ била забележана од страна на делегатот Ацо Николовски во записникот од овој натпревар. Сега битолчани треба да ја уплатат потребната сума на пари заедно со деталите, односно образложението за нивната жалба. Потоа стручната комисија на РФМ ќе решава дали навистина имало пропусти во судењето на тој меч, односно дел од одлуките биле на штета на некој од тимовите.
Во текот на мечот, во повеќе наврати играчите и стручниот штаб изразуваа незадоволство од судиските одлуки, особено гостите кои беа вчудоневидени од одредени одлуки на судиите, исто како што многупати реагираа и гледачите на трибината, иако најголемиот дел беа поддржувачи на Алкалоид.
Со оваа победа Еурофарм Пелистер сега има 27 бода, исто колку и Вардар, и ќе му биде доволна било каква победа во Битола на мечот против „црвено-црните“ за да ја освојат титулата што ја чекаат од 2005 година.
Драматичен крај во Автокоманда: Еурофарм Пелистер преку Алкалоид на чекор до титулата