ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Продолжуваат разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостигаат неизвесни и интересни натпревари.

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 9. коло од плеј-оф/аут.

Meѓу номинираните ракометари има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден од Бутел Скопје, Вардар Неготино, Струга, Пролет и Прилеп.

За МВП на колото ќе можете да гласате до среда до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 9. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-28
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 23-23
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ 24-25
ВАРДАР – ОХРИД 35-19

ПРИЛЕП – СКОПЈЕ 19-18
ВАРДАР НЕГОТИНО – РАДОВИШ 33-22
ЈУНИОР КВ – ГОЛДЕН АРТ 22-18
КУМАНОВО – СТРУГА 25-28

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 9.КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕРЛИГА?

Даниел Ацев - голман - Вардар Неготино
44.73%
Петар Маркоски - пивот - Струга
17.50%
Себастијан Хенеберг - лев бек - Еурофарм Пелистер
12.72%
Ласко Андоновски - среден бек - Пролет
8.95%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
7.55%
Усама Хосни - десен бек - Еурофарм Пелистер
4.37%
Реваз Чантурија - десно крило - Прилеп
4.17%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Даниел Ацев (Вардар Неготино) – Велешанецот беше меѓу најзаслужните за убедливиот триумф против радовишани.

Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Црногорецот многупати досега ја покажал класата, а даде 12 гола или половина од головите на Бутел во Битола.

Лев бек: Себастијан Хенеберг (Еурофарм Пелистер) – Данскиот лев бек имаше одлично издание против Алкалоид во дербито.

Среден бек: Ласко Андоновски (Пролет) – Средниот бек на Пролет го водеше неговиот тим до изненадувачко реми во Кавадарци.

Десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер) – Тунижанецот по подолго време одигра одлична партија и беше меѓу најзаслужните за триумфот во Автокоманда.

Десно крило: Реваз Чантурија (Прилеп) – Играчот-тренер на прилепчани беше најдобар на теренот во битката против некогашниот негов предводник.

Пивот: Петар Маркоски (Струга) – Пивотот даде 12 гола и беше најдобар поединец во тимот на Танески кој игра како препороден откако тој се врати на клупата.