Раководството на бундеслигашот Вецлар реши дека македонската легенда Филип Миркуловски до крајот на сезоната ќе биде тренер на тимот, во кој настапува Филип Кузмановски.
Македонецот заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ ќе седат на клупата на Вецлар, кој ќе бие тешка битка за опстанок.
Миркуловски веќе го водеше тимот пред доаѓањето на Хрвоје Хорват, а сега ќе има уште поголема шанса да ги покаже своите тренерски квалитети.
„Не може да се воведуваат многу новини пред крајот на сезонат. Мислам дека оваа одлука на раководството е логична. Јас играв за Вецлар осум сезони и знам кој од играчите колку може да даде на теренот. Тоа е голема предност. Сигурен сум дека заедно со Јасмин ќе ги оствариме нашите цели“, вели Миркуловски.
Вецлар кој со 13 бода се наоѓа на 16 позциија на табелата, славеше кај Гепинген на гости минатото коло, следното коло игра исто така на гости кај Гумерсбах.