ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија по мундијалски билет, Вардар гостува во Нови Сад

Женската репрезентација на Македонија со почеток од 17:00 часот ќе го одигра реванш дуелот против Украина за пласман на Светското првенство 2023.

Избраничките на Љубомир Савевски на првиот натпревар, кој беше одигран во Скопје, беа поразени со 24:22.

Сепак, разликата не е толку голема и македонската репрезентација има голема шанса да обезбеди повторно учество на Мундијалот.

Поради конфликтот во Украина, реванш дуелот ќе се одигра во унгарскиот град Кишварда.

Екипите на Куманово и Струга ќе го отворат новото, 9. коло во плеј-оф/аут фазата во македонската елита.

Во текот на денешниот ден свој настап ќе има македонскиот шампион Вардар, кој во Нови Сад ќе се соочи со Војводина во четвртфиналниот реванш дуел од регионалната СЕХА лига.

Ракометната програма денес ќе биде збогатена со четвртфиналните дуели од Лига на Европа.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:00 АТРАХАН – АКБУЗАТ (РУСИЈА)

16:00 ПЕРМ – ДИНАМО (РУСИЈА)

16:30 САРАТОВ – КРАСНОДАР (РУСИЈА)

16:30 ВОЈВОДИНА – ВАРДАР (СЕХА)

17:00 УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА (БАРАЖ ЗА СП)

18:00 ГОРЕЊЕ – ОРМОЖ (СЛОВЕНИЈА)

18:00 КУМАНОВО – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)

18:30 СТ. ПЕТЕРСБУРГ – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ (РУСИЈА)

18:45 ГРАЊОЛЕРС – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:45 КАДЕТЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:00 ИШТАД – СКОВДЕ (ШВЕДСКА)

19:30 ЧЕШКА – ШВАЈЦАРИЈА (БАРАЖ ЗА СП)

20:45 ГЕПИНГЕН – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

20:45 СПОРТИНГ – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

21:00 ДАНСКА – ШВЕДСКА (ПРИЈАТЕЛСКИ)

21:10 ФРАНЦИЈА – БРАЗИЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ)