02.10.2022 TARNOW UL. TRAUGUTTA ( POLAND ) PILKA RECZNA ( HANDBALL ) PGNIG SUPERLIGA MEZCZYZN SEZON 2022/2023 LIGA POLSKA ( SUPERLEAGUE MEN'S POLISH LEAGUE ) MECZ GRUPA AZOTY UNIA TARNOW - SANDRA SPA POGON SZCZECIN ( GAME ) NZ TARAS MINOTSKYI FOTO MICHAL STANCZYK / CYFRASPORT

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Барса најде замена за Фабрегас, Висла Плоцк фрли око на Миноцки, Војновиќ со камбек во Крим

  • Според пишувањата на „RTH Handball“, младиот ракометар Хаиме Гаљего ќе биде замената за Лудовик Фабрегас во актуелниот европски шампион Барселона. Гаљего моментално настапува за Торелавега, клуб кој што покажува солидни резултати во Асобал лигата. Бидејќи од каталонскиот гигант соопштија дека за следната сезона нема многу да трошат пари на скапи играчи, шпекулациите околу можната преселба на 22 годишниот ракометар би требало да се точни.
  • Репрезентативецот на Украина, левиот бек Тарас Миноцки, кој е најдобар стрелец во шампионатот на Полска, се наоѓа пред трансфер во Висла Плоцк, пренесува handballnews.pl. Украинецот со своите настапи за Тарнов го привлече вниманието на посилните клубови од Полска. Клубот од Плоцк се наоѓа најблиски до негов ангажман за следната сезона.
  • Словенечкиот шампион Крим ангажираше ново засилување. Во тимот на Драган Аџиќ ќе пристигне голманката Маја Војновиќ. 25-годишната голманка во периодот од 2018 до 2021 години ги бранеше боите на клубот од Љубљана, додека во последните две сезони настапува во францускиот суперлигаш Аманд. Војновиќ во Крим ќе остане најмалку две сезони и ќе има можност повторно да игра во Лигата на шампионите. Крим претходно се засили со репрезентативката на Црна Гора, Итана Грбиќ и искусната репрезентативка на Словенија, Нина Жулиќ.
  • Кружниот напаѓач на Тарнов, Јошида Шуичи на лето ќе го напушти клубот од Полска и ќе се пресели во Франција, поточно во екипата на Данкерк. Од раководството на францускиот клуб официјално ја објавија соработката со репрезентативецот на Јапонија. Шуичи ќе биде вториот ракометар од азиската земја во Франција, по Коскуе Јошура од Нант.
  • Моментално најдобриот стрелец во Бундес лигата, Каспер Мортенсен, го продолжи договорот со Хамбург. Левото крило, кое три сезони мина во Барселона, во бундеслигашот ќе остане уште три сезони. Данецот во својата кариера настапуваше и за екипите на Силкеборг и Копенхаген. Со својата репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Бразил и Светското првенство во Германија (2019). На Мундијалот во 2013, односно на Европското првенство во 2014 година, заедно со своите репрезентативни колеги се радуваа на сребрениот медал.