Во текот на вчерашниот ден, раководството на бундеслигашот Вецлар излезе со соопштение дека е раскината соработката со довчерашниот тренер Хрвоје Хорват.
Поранешниот селектор на Хрватска без консултација со челниците на Вецлар одлучил да потпише договор со Кадетен Шафхаузен.
Неговата непромислена постапка резултираше со отказ од Вецлар, кој во остатокот од сезоната ќе биде предводен од некогашниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски.
Од Кадетен Шафхаузен веќе официјално ја најавија двегодишната соработка со екс селекторот на „коцкестите“.
Ангажманот на Хорват во Кадетен Шафхаузен ќе започне на почетокот на натпреварувачката сезона 2023/24, така што во овие три месеци искусниот стратег ќе има доволно време да се посвети на приватните обврски.
Хорват по Светското првенство 2023 доби отказ од ракометната куќа на Хрватска.