Тимот на Аеродром кој минатата сезона за влакно пропушти да се пласира во суперлигашкото друштво, оваа сезона посакува да ја искористи шансата и активно работи на играчкиот кадар.
По голманот Никола Кизиќ, најново засилување за составот на Дарко Петровски е поранешниот кадетски репрезентативец на Македонија, Наум Костов.
Костов потекнува од Охрид, таму настапуваше до крајот на есенската полусезона, а сега ќе има нов предизвик во составот на Аеродром.
Аеродром триумфираше на тешкото гостување во Богданци кај Младост со 34-27, а токму Костов на дебито беше најдобар стрелец со осум погодоци.
Тимот на Дарко Петровски сега имаа 22 бода, три помалку од второпласираниот Драчево кој има 25, додека прв е Мулти Есенс со 30. Во следното коло Аеродром ќе игра дома со Шампион.