Екипата на Бутел во рамки од 7. коло од суперлигашкиот плеј-оф беше убедливо поразена на гостувањето во Охрид од истоимената екипа со 29:18.
Бутел со загубените бодови во Охрид остана зад Тиквеш на табелата и скопјани не успеаја да фатат приклучок во борбата за место што води во европските купови.
Најефикасен во поразениот табор беше искусниот Мирко Мајиќ, кој дуелот го заврши со пет погодоци.
,,Искрено, разочаран сум од тоа како одигравме против Охрид. Знам дека можевме многу подобро, но едноставно, немавме свој ден. Имавме многу технички грешки, кои мора да ги поправиме. Следуваат дуелите со првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер, мораме да се подготвиме добро. Јас сум разочаран од денешната игра и мислам дека ова не вистинската слика за Бутел. Знам дека со моите соиграчи во многу натпревари покажавме каква екипа сме, едноставно се случуваат поразите, секако не е е оправдување, но се надевам дека овој пораз бегу ќе го заборавиме и во следното коло да одиме подготвени во Битола и зошто да не го добиеме Еурофарм Пелистер”, изјави Мајиќ.
Ракометарите на Бутел по дуелите со двата тимови од Битола, за следни ривали ги имаат Вардар и Тиквеш.
Охрид одигра победнички и го „сопна“ Бутел во борбата за Европа