ЛШ не може без Николов и Начевски – македонската двојка суди осминафинален двобој

Најдобрата судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски доби ново делегирање од Европската ракометна федерација.

Николов и Начевски ќе го судат првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу полската Висла и францускиот Нант.

Овој натпревар ќе се игра во градот Плоцк на 22 март со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.

Во другите осминафинални двојки ќе играат Алборг против ГОГ Гудме, Динамо Букурешт против Кил и ПИК Сегед против Веспрем.