Екипата на Драчево пред почетокот на прволигашките натпревари од вториот дел од сезоната ангажираше ново засилување во своите редови.
Нов член на Драчево е дефанзивецот Виктор Вељаноски, кој во редовите на тимот на Велимир Настески пристигна од Металург РА.
Вељаноски потекнува од школата на Кичево, потоа играше за младинските екипи на Вардар и Пролет, а по препорака на Филип Миркуловски се пресели во клубот од Автокоманда.
Претходно Драчево се засили со Лазар Стојанов и Илија Димов од Металург РА, како и со довчерашниот член на Аеродром, Никола Божинов.
Драчево моментално е лидер на табелата во групата А и веќе од поодамна има обезбедено пласман во плеј-оф натпреварувањето во прволигашката конкуренција.