Тимот на Цвикау, чиј дрес го носи македонската репрезентативка Симона Маџовска, оствари злато вредна победа во Бундес лигата.
Предводен од Маџовска, Цвикау славеше на гостински терен кај Ваиблинген со еден гол разлика, 27-26, а на полувремето имаше плус пет, 14-9.
Македонската репрезентативка беше главна на теренот и успеа да постигне десет гола од 11 обиди на овој натпревар.
Цвикау сега е во серија од три победи во Бундес лигата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај шампионот Битигхајм.