Норвешка доживеа шокантен пораз од Шпанија во четвртфиналето на Мундијалот во Полска и Шведска.
Норвежаните не можат да го преболат фактот дека имаа водство и посед во последната минута, но грешката на норвешкото крило Кристијан Бјорнсен ја чинеше Норвешка пласман во полуфинале. Бројнсен наместо да ја задржи топката во своите раце или да упати удар кон шпанскиот гол се реши да ја врати назад, по што судиите досудија пасивен напад а Шпанија имаше доволно време преку контра напад да реализира и да го одведе натпреварот во продолжение.
Токму Бјорнсен е човекот кој најинтензивно ја преживува драмата од Гдањск. Работата е отидена дотаму што во Норвешкиот национален тим е ангажиран психологот Ерик Хофсет кој ќе треба да му помогне на Бјорнсен кој трпи големи критики.
Се чуствувам како жртвено јагне. Моите девет гола сега се заборавени. Имав шанса која требаше да ја искористам, но ја прокоцкав. За жал испаднавме поради моја грешка-изјави Бјорнсен по завршувањето на мечот.
Селекторот Јонас Виле изјави дека ќе размисли со стручниот штаб какви потези ќе превземе за да му помогне на Бјорнсен во овие тешкки моменти.
За почеток мораме да разговараме со него, да видиме како се чуствува и дали нешто му е потребно. Во секој случај ќе му пружиме голема поддршка. За среќа тој е цврсто момче и ќе знае да се носи со оваа ситуација.
Шведскиот селектор изјави дека ќе мора да ги мотивира ракометарите за престојните два дуели како би го освоиле петтото место. Фантастичниот Бергеруд на голот кој против Шпанија имаше 17 одбрани вели дека атмосферата во репрезентацијата е „многу, многу тажна“.
Ќе биде многу тешко да се бориме за петтото место бидејќи нашите соништа и цел на ова СП беа во пласман во финалето. За среќа имаме ден одмор во кој ќе се обидеме да ги испразниме главите.
Норвешка во петок игра дуел со Унгарија и ќе се бори за пласман од 5. до 8.место на Мундијалот.