Денеска на Светското првенство во Полска и Шведска стартуваа натпреварите од главната фаза.
Во денешниот дерби дуелот од втората група меѓу репрезентациите на Португалија и Бразил немаше победник, натпреварот заврши нерешено 28:28 (12:11). Речиси во текот на целиот натпревар двете репрезентации наизменично се менуваа во водство, а Португалија по истекот на регуларниот дел од натпреварот имаше 28:27.
Португалците дури прославија победа, но судиите Бонавентура по прегледувањето на снимката по истекот на времето им доделија седмерец на играчите на Бразил, бидејќи еден од ракометарите на Португалија попречувал во нападот на противникот, па така јуноамериканската селекција ја искористи дадената шанса и се избори за голем бод.
Португалија во следното, второ, коло од групната фаза за противник ја има селекцијата на Зеленортските Острови. Селекцијата од Јужна Америка во следното коло ќе игра против незгодната репрезентација на Унгарија.
Репрезентацијата на Словенија одигра рутински против Иран, триумфираше со 38:21 (20:9), во натпревар од првото коло од групната фаза.
Избраниците на Урош Зорман со победата над Иран дојдоа до четири бода на свое конто и останаа во игра за пласман во четвртфиналето на Мундијалот.
Словенија во следното коло силите ќе ги одмери со ,,црвената фурија”, додека Иран ќе има тежок предизвик, бидејќи ќе игра против актуелниот олимписки шампион Франција.
Во натпревар од ,,Президент Купот”,Чиле славеше над Саудиска Арабија со три гола разлика, 26:23 (12:13).