На последните шест натпревари на големите натпреварувања под водство на Кирил Лазаров, Македонија загуби на сите шест одиграни мечеви и ниту еднаш не ј амина групната фаза. Во Унгарија во јануари 2022 на ЕП трипати бевме поразени, и сега уште трипати на СП. Додека ракометарите се бореа во Краков да се вратат во игра, трибините бруеја и негодуваа.
ОСТАВКА, ОСТАВКА, се скандираше од трибината каде беа македонските навивачи. Некои од нив и предвреме заминаа од салата, други постојано коментираа за лошата игра и водењето на репрезентацијата, но сите беа разочарани од играта и резултатите на Македонија.
На официјалната прес-конференција селекторот Лазаров доби прашање како ќе одговори на ваквите барања од трибините, од оние што се во Краков. Во Македонија по враќањето на репрезентацијата веројатно тој притисок ќе биде уште поголем.
Но, Лазаров не одговори директно на прашањето.
„Имаме наша стратегија да рабоиме многу во иднина. Лани јас со 42 години , Стоилов со 35 и Мииркуловски 39 бевме дел од овој национален тим за да имаме континуитет на ЕП и СП. Знаевме дека после нас ќе биде тешко да се биде на секое ЕП и СП. Бидејќи е тоа така јас играв до 41 година. Видовме нова ситуација, прва ситуација без нас, и видовме дека не е исто. Имам одговорност, но успех за нас е да се биде тука. Победивме тимови како Романија и Чешка. Ви кажав дека не сум изненаден, но не сум задоволен. Загубивме со десет годови. Ние не сме подобри од Аргентина, Холандија и Норвешка. Но, не сме толку лоши. Ќе треба да смениме нешто, ако сакаме да направиме нешто во иднина, изјави Лазаров на прес-конференцијата.
Македонија е единствена земја од Европа што ќе игра во Президент Куп.