Екипата на Тиквеш од Кавадарци би требало да добие големо засилување пред стартот на вториот дел од натпреварувачката сезона 2022/23.
Станува збор за кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски, кој во есенскиот дел од оваа сезона го носеше дресот на косовскиот суперлигаш Кастриоти Феризај.
Анастасовски пред да се пресели на Косово настапуваше за францускиот второлигаш Анже.
Во Франција мина две сезони, а пред да направи интернационална кариера беше дел од Вардар Јуниор, Работнички и Охрид.
Тиквеш претходно се засили со средниот бек Здравко Постолов од Радовиш, додека клубот го напушти левиот бек Стефан Дрогришки.
Тимот на Тиквеш и оваа сезона ќе игра во плеј-оф фазата, во која пласман изборија и екипите на Вардар, Пролет, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел, Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2.