Македонските репрезентативци во Пореч ја одработуваат финалната фаза од подготовките пред настапот на Мундијалот во Полска.
Хотелот Дијамант е базата каде се полнат батериите пред вечерашниот дуел против домашната селекција на Хрватска.
Дел од репрезентативците го користат своето време за да го испијат пладневното кафе, други се релаксираат со играње пинг-понг, трети ги полнат батериите во својата хотелска соба.
Објективот на 24Ракомет ги улови репрезентативците Младеновиќ, Ѓоргиев и Костески за време на своето пладневно кафе.
Додека пак репрезентативното дуо крила, вардарците Манасков и Георгиевски се релаксираа играјќи пинг-понг.
Македонија вечерва од 20 часот и 15 минути ќе ги одмери силите со Хрватска, а утре во истиот термин ќе играме со Израел.