Селекторот на машката сениорска репрезентација на Србија, Тони Херона го објави конечниот список на играчи за настап на Мундијалот во Полска и Шведска.
На списокот се екс членовите на Вардар, Металург и Охрид: Дејан Милосављев, Вања Илиќ, Мијајло Марсениќ, Илија Абутовиќ, Стефан Додиќ и Предраг Вејин.
Србија е во група со Катар, Германија и Алжир, а доколку Македонија обезбеди место во следната фаза, ќе вкрсти со најдобрите три од оваа група.
Голмани: Владимир Цупара, Дејан Милосављев и Милан Бомаштар
Крила: Вања Илиќ, Немања Илиќ, Богдан Радивојевиќ и Вукашин Воркапиќ
Бекови: Илија Абутовиќ, Петар Ѓорѓиќ, Урош Борзаш, Марко Милосављевиќ, Лазар Кукиќ, Стефан Додиќ, Милош Обровиќ, Предраг Вејин и Јовица Николиќ.
Пикери: Драган Пешмалбек, Иван Поповиќ и Мијајло Марсениќ.