Најкорисната ракометарка на последниот Ф4 во Лигата на шампионите, Маркета Јерабкова, на крајот од оваа сезона ќе си замине од европскиот шампион Вајперс Кристијансанд.
Официјалниот сајт на Спортинг Лисабон, објави дека се продолжение договорите со браќата Мартим и Франциско Кошта, како и со Салвадор Салвадор. Трите бисери на португалскиот ракомет ќе останат во татковината до 2027 година.
Швајцарскиот репрезентативеец Самуел Ројтлисбергер го продолжи договорот со бундеслигашот Штугарт до 2025 година. Во овој тим тој настапува од 2017 година, а досега настапи на 193 натпревари.
Унгарскиот првак ПИК Сегед го потврди трансферот на норвешкиот голман Емил Имсгард кој настапува за Елверум. Договорот е потпишан на три сезони и ќе стапи на сила на лето. Имсгард ќе формира дуо со Миклер, а ќе замине Алиловиќ.
По Цупара, Нилсон и Мае, нов договор со Веспрем потпиша и шпанскиот чувар на мрежата, Родриго Коралес. Новата соработка со Коралес ќе трае до летото 2026 година.
Данскиот репрезентативец Емил Јакобсен кој ја игра втората сезона во бундеслигашот Фленсбург потпиша нов договор. Левото крило се обврза на тригодишна соработка и ќе остане до 2026 година.