Денеска половина час пред пладне ќе биде првиот собир на македонската репрезентација пред стартот на подготовките за Светското првенство во 2023 година.
Селекторот Кире Лазаров ќе смета на 23 ракометари на овие подготовки. Првата фаза ќе се одвива во Маврово, каде што ќе бидат одиграни две пријателски средби со Црна Гора на 27 и 28 декември.
Пред Нова Година, репрезентативците се враќаат во Скопје, на 3 јануари следува ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци.
Пред заминувањето во Краков, Македонија ќе биде дел од „Кроација Купот“ и ќе одигра пријателски натпревари против Хрватска и Израел.
Нашите ракометари се во група со Норвешка, Холандија и Аргентина, а првиот натпревар е против дружината на Сагосен на 13 јануари во „Таурон Арена“.