Денеска беа потврдени учесниците и групите во новата сезона од дивизијата „Југ“ во регионалната СЕХА лига.
Како што 24Ракомет најави уште пред еден месец, Еурофарм Пелистер ќе биде во групата А со Веспрем, Нексе и Војводина, додека Вардар ќе биде дел од групата Б со Загреб, Партизан и Татран Прешов.
Новината е дека унгарскиот Веспрем и хрватскиот Загреб добија привилегија по состанокот на Извршниот Комитет на лигата и ќе ја „скокнат“ групната фаза во регионалната конкуренција.
Останатите екипи ќе одиграат по четири меча, дома и гости, против останатите ривали од групата. Без разлика на пласманот, сите осум екипи ќе играат во осминафиналето, дома и гости, а двојките ќе се вкрстуваат по системот, А1 – Б4, А2 – Б3…
Подобро пласираните екипи ќе ја имаат предност од домашниот терен на реваншот, а отсега е познато дека Веспрем ја има А1 позицијата, додека Загреб ја има позицијата Б1.
Четирите победници од четвртфиналните двојки ќе играат на завршниот турнир, кој засега се планира да биде одржан од 21 до 23 април.
Вардар и Еурофарм Пелистер во дивизија „Југ“ во СЕХА, познат е изгледот на групите!