Несекојдневно: Три двојки сестри на меч од Женската лига, две играа едни против други!

На натпреварот меѓу Скопје и Вардар, кој го добија гостинките со убедливи 34-16 имаше несекојдневна ситуација.

Настапија три двојки сестри. Станува збор за Нина и Јасмина Попови, Надица и Наталија Максимовски, како и Борјана и Бојана Коцеви.

Надица и Јасмина се дел од Скопје, Нина и Наталија беа на спротивна страна и играа против своите сестри, додека двете Коцеви се дел од Вардар.

Сите шест сестри се запишаа во листата на стрелци. Јасмина беше стрелец на девет гола за Скопје, додека Надица стрелаше еднаш.

Во дресот на Вардар, Наталија даде два гола, Нина постигна еден погодок, додека сестрите Коцеви комбинираа четири голови.

Нина и Јасмина Попови се ќерки на поранешната македонска репрезентативка Елма Пршеш Попова.