Тимот на Ница, каде што брани македонската репрезентативка Јована Мицевска, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Франција.
Ница славеше на домашен терен против составот на План Де Кук со 35-32, а на полуврмето имаше предност од пет гола, 22-17.
Мицевска бранеше во првиот дел од овој натпревар и успеа да запре три удари на противничките ракометарки.
Противникот во осминафиналето, Ница ќе го дознае по ждрепката следната недела. Во оваа фаза веќе се Брест Бретањ, Мец, Безансон…