Ракометарките на Вардар во рамки од 12. коло од Женската лига одиграа рутински против Скопје триумфирајќи со 34:16.
Избраничките на Царчев иако од поодамна имаат обезбедено место во плеј-оф фазата, сепак, не дозволија дебитантот да има било какви шанси за изненадување и максимално одиграа во сите 60 минути.
Вардар победата ја оствари уште во првото полувреме, кое го доби со осум гола разлика, 15:7.
Во вторите 30 минута шанса имаа ракометарките со помала минутажа. Скопје влезе во поголема криза и веќе беше извесно дека ќе доживее висок пораз.
Кај Вардар отскокнаа Ивона Трпевска и Сара Стефановска, кои постигнаа по десет погодоци. Во тимот на Скопје се истакна Јасмина Попова со девет гола.