ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров и Чаир со европски задачи, богат ден на домашна сцена

Денеска во центарот на вниманието на ракометната јавност во Македонија ќе бидат европските настапи на Ѓорче Петров и Чаир.

Актуелниот шампион на Македонија, Ѓорче Петров во спортската сала “Автокоманда” ќе го одигра првиот дуел против Румс Јагс во рамки од третото коло од Европскиот Куп. Реваншот меѓу македонскиот и тимот од Австрија, кој на денешниот дуел ќе биде формално домаќин, ќе се одигра во текот на утрешниот ден. Победникот од овој двобој ќе обезбеди пласман во осминафиналето во споменатото натпреварување.

Чаирчанки во Тел Авив против Макаби Аразим Рамат Ган ќе бркаат поволен резултат, односно победа со најмалку четири гола разлика за пласман во осминафиналето од Европскиот Куп, односно место меѓу најдобрите 16 екипи во третото по ранг европско натпреварување.

Ракометарките на Чаир на првиот натпревар беа поразени со 33:30, па така избраничките на Басри Љатифи доколку победат со три гола разлика, тогаш патникот во следната фаза ќе биде одлучен на пенали.

Освен натпреварите на европска сцена, во Македонија ќе продолжат елиминациските дуели од Купот на Македонија. Денес ќе се одиграат вкупно десет натпревари од првата фаза од Купот и ќе бидат познати речиси сите патници во осминафиналето. Суперлигашите се големи фаворити против прволигашите и не би требало да има изненадување на ниту еден дуел. На програмата од Женската лига ќе бидат два дуели. Металург ќе гостува во Штип кај Астибо, додека Куманово во Скопје кај екипата на Шампион.

Активни во Европа ќе бидат и дел од македонските интернационалци. Денешната ракометна програма на европска сцена ќе биде збогатена со шест натпревари во Лигата на шампионите во женска конкуренција, 12 натпревари во Европскиот Куп во машка и осум натпревари во женска конкуренција. Ќе се игра и во Франција, Русија, Германија, Хрватска, БиХ, Словенија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ЈУНИОР КВ – ДРАЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)

12:00 АЛКАЛОИД – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)

12:00 АСТИБО – МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)

13:00 РОСТОВ – ЦСКА (РУСИЈА)

14:00 ПРИЛЕП – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)

14:00 ВИБОРГ – НИКОБИНГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

14:00 ИБВ – ДУКЛА ПРАГА (ЕВРОПСКИ КУП)

15:00 БЕШИКТАШ – ПАНЧЕВО (ЕВРОПСКИ КУП)

15:00 ПЛЗЕН – РАМАТ ХАШАРОН (ЕВРОПСКИ КУП)

15:00 КОМОВИ – БУДУЌНОСТ (ЦРНА ГОРА)

15:00 КОЛДИНГ – НОРДСЈЕЛАНД (ДАНСКА)

15:30 ГОЛДЕН АРТ – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)

15:30 ОЛИМПИЈАКОС – ТУН (ЕВРОПСКИ КУП)

16:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)

16:00 РАДОВИШ – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)

16:00 ВИТОРИЈА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)

16:00 НАЕРБО – БК 46 (ЕВРОПСКИ КУП)

16:00 ПОЛВА СЕРВИТИ – РУНАР (ЕВРОПСКИ КУП)

16:00 ФТЦ – ЧСМ БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

16:00 КАСТАМОНУ – МЕЦ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

17:00 АРЕНДАЛ – ВИСЕ (ЕВРОПСКИ КУП)

17:00 ДОУКА – ПАОК (ГРЦИЈА)

17:00 КА ТОР – ХАУКАР (ИСЛАНД)

17:00 МЛАДОСТ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)

17:30 ГЕНИЛ- БИДАСОА (ШПАНИЈА)

17:45 ДУБРАВА – ВАРАЖДИН (ХРВАТСКА)

18:00 РУМС ЈАГС – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

18:00 МАКАБИ – ЧАИР (ЕВРОПСКИ КУП)

18:00 СТРУГА – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ЕРИЧЕ – ПАДОВА (ИТАЛИЈА)

18:00 ВЕСПРЕМ – БУДАКАЛАШ (УНГАРИЈА)

18:00 НАНТ – ОЛДЕНБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)

18:00 ГОРИЦА – БИСТРИЦА (ЕВРОПСКИ КУП)

18:00 ГРАЧАНИЦА – КАРВИНА (ЕВРОПСКИ КУП)

18:00 БРЕСТ БРЕТАЊ – БИТИНГХЈАМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:00 ЕСБЈЕРГ – ЗАГРЕБ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:00 КРИСТИЈАНШТАД – БАЊИК МОСТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

18:00 МИНДЕН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС ЛИГА)

18:00 ИСКРА – ГРАДАЧАЦ (БИХ)

18:30 СЛОВАН – ДОБОВА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)

19:00 ГРАДЕЦ – МАЛИБОР (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ОРМОЖ – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ФАСАНО – ЛИОНС (ЕВРОПСКИ КУП)

19:00 РИБНИЦА- ФАЈВЕРС (ЕВРОПСКИ КУП)

19:14 БЈЕЛОВАР – ПОРЕЧ (ХРВАТСКА)

19:30 БУКСТЕХУДЕР – ФАНА (ЛИГА НА ЕВРОПА)

19:30 СКОПЈЕ – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)

19:30 КРШКО – ЦЕЛЈЕ (СЛОВЕНИЈА)

20:30 ГРАЊОЛЕРС – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)

20:30 ШАМПИОН – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)